Language switcher

Social

 

На 11 Април 2018 година во Салата “22 Септември” во општина Благоевград, Р. Бугарија, Регионална обласна администрација и Центарот за развој на Источен плански регион организираа втора еднодневна работилница на тема “Заедно за позелена, посветла и почиста иднина” во рамки на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020. На тематската работилница учествуваа средношколци од СОУ “Љупчо Сантов”-Кочани, СОУ “Ванчо Прке”-Виница и Јазичната гимназија од Благоевград. Вкупно 62 ученици присуствуваа на втората тематска работилница. Настанот го отворија заменик обласниот Управител, Г-ѓа Антоанета Јанчева и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева. Предавач на втората еднодневна тематска работилница беше д-р Стефан Кирилов.

Теми опфатени во рамки на тематската работилница:

  • Производство на енергија и заштита на животната средина;
  • Извори на енергија;
  • Како да заштедиме топлина и електрична енергија?
  • Оддржливо и ефикасно користење на енергија;
  • „Моето место во природата“
  • „Што можеме ние да направиме за позелена, почиста и здрава животна средина”

Целта на втората еднодневна тематска работилница беше младите луѓе да се запознаат и информираат за глобалните еколошки промени и последиците од истите врз животната средина. Да размислуваат за решенија што може да ги применуваат во нивните околини за заштита. При спроведување на било какви активности да размислуваат за оддржливо искористување на природните ресурси. Преку работилницата, средношколците имаа можност преку интересни видео клипови и презентации да се запознаат со причините и последиците од еколошки катастрофи, позитивните и негативни ефекти од производство на енергија и зачувување на животната средина, извори на енергија и нивни карактеристики како и негативното влијание врз животната средина кое го има производството на енергија. Младите покажаа голем инетерс за предложените теми и истите максимално се вклучија во работата во групи. Вториот дел од работилницата беше посветен на  разграничување на позитивни и негативни фактори од производството на енергија.

Еднодневната тематска работилница беше успешно реализирана, материјали од истата во прилог на документацијата. Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион, Штип и Регионална обласна администрација, Благоевград.