Language switcher

Social

 

Привршуваат градежните активности за реконструкција на општинската зграда во општина Кочани во рамки на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ - GREEN 038. Проектот GREEN е финансиран од Интерег ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2014-2020 и истиот го имплементира Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Обласната администрација Благоевград.

Во текот на изминатите месеци се постави термоизолациона фасада, се променија надворешните прозори и врати, се реконструира кровот, се изгради и уреди зелен кров на новата зграда, се адаптираа тоалети за лица со физички хендикеп и се вгради хидрауличен лифт за истите.

Со завршување на сите градежни зафати административната зграда на Општина Кочани ја промени нејзината класа на енергетска ефикасност од класа  D во класа B.