Language switcher

Social

 

На 13 септември 2018 година во Туристичкиот инфо центар „Пониква“ се одржа работилница на тема „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје“. Работилницата беше реализирана во соработка со Македонското еколошко друштво, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија поддржана од Швајцарската Конфедерација.

Оваа работилница е дел од процесот за воспоставување на нови заштитени подрачја во брегалничкиот регион, кој се води со примена на партиципативен пристап. Целта беше информирање на засегнатите страни на локално ниво за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и креирање на заедничка визија на локалното население за Осоговскиот регион.

Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Кочани и Претседател на Советот за развој на Источен плански регион г-дин Николчо Илијев, чие присуство на работилницата ја потврди поддршката за прогласување на Осогово за заштитено подрачје на градоначалниците од целиот регион.

На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, ЈП Македонски шуми, претставници од засегнатите локалните самоуправи и претставници од здруженија на граѓани од општините Пробиштип, Кочани и Македонска Каменица.