Language switcher

Social

 

Првата  форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

Имајќи ја во предвид потребата за подобрување на капацитетите на центрите во подготовката, управувањето и имплементацијата на иновативни регионални проекти како и  зголемување на транспарентноста и одговорноста на регионалните совети се пружа одлична шанса во координација  и соработка со релевантните засегнати страни приватниот сектор, академската заедница, и граганското општество да се одлучува  за она што е приоритет и потреба во регионот.

Една од активностите на овој проект е токму организирација на форумски сесии.

Вкупниот буџет наменет за реализирање на оваа активност, а кој што ке биде доделен на успешните плански региони изнесува 842.000,00 CHF, односно 45.658.000,00 денари чие доделување ке биде согласно Одлуката за степенот на развиеност на планските региони за квалитетни предлог проекти. Средствата што нашиот регион може да ги обезбеди се на максимален износ  од  95.158 CHF, за проекти од областа на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија.

Во рамките на првата  форумска сесија се дискутираше за проблеми кои го засегаат регионот и се нудеа решенија од кои  произлегоа проектни идеи/концепти за предлог проекти. Во наредните сесии од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот / избраните форумскиот проект/и и препораки.