Language switcher

Social

 

Проектот „Акцелератор на знаења за мали и средни претпријатија“ МЕКА е финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) - Министерство за финансии на Република С.Македонија, договорот за доделување на субвенции во рамките ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите 2013, Грантова шема “Grant scheme for implementation of projects for increasing the competitiveness of the beneficiary country “- EuropeAid/138495/ID/ACT/MK, спроведуван од Фондацијата за локален развој и развој на Информатички Технологии – Гевгелија во партнерство со Организација на жени – Штип.

Главна цел на проектот е зголемена апсорпција на ЕУ фондовите, преку програмите Хоризонт 2020, Европска програма за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ, Еразмус, и други 
ЕУ програми. Целни групи во проектот се мали и средни претпријатија, микро претпријатија, бизнис асоцијации, кластери, стопански комори и регионални бизнис центри.

Во рамките на проектот остварена е соработка со Центарот за развој на 
Источен плански регион и Бизнис центарот при Центарот за развој на 
Источен плански регион. Во склоп на соработката, Центарот за развој на Источен плански регион помогна во комуникацијата со МСП  во споделувањето на контакти, на информации и документи кои се однесуваат на поддршка на МСП секторот, но со посебен осврт на микро компаниите.  Од друга страна, проектот ќе обезбеди опрема на центарот која ке му послужи  за одржување обуки и презентација.

Во рамките на проектот се реализираа 4 модули на обуки за компании од источниот регион поврзани со теми кои се утврдија како приоритетни при истражувањето направено како дел од проектот.

Во Штип учество земаа 20 МСП од источниот регион кои се стекнаа со дополнителни знаења и вештини за да можат да ги претворат своите компании во успешни и профитабилни бизниси.

За сите оние кои имаат намера да аплицираат за средства од достапните фондови на ЕУ, како и останати донаторски организации предвидена е бесплатна менторска поддршка за претприемачите од страна на експерти / консултанти.

Сите заинтересирани компании за менторска подршка може да се пријават на контакт телефон 078/507-638 или на е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.