Language switcher

Social

 

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 12 јули 2019 година во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија.

Договорите беа врачени од страна на министерот за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија г-ѓа Петја Аврамова и министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски.

Центарот за развој на Источен плански регион во период од 24 месеци ќе го реализира проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ во кој се јавува како водечки партнер, додека пак како проектен партнер 2 е општина Гоце Делчев од Република Бугарија.

Вкупната вредност на проектот е 562.353,54 €, од кои за реализација на активностите во Источниот плански регион се предвидени 315.825,61 €.

Проектните активности се очекува да се реализираат заклучно со јули 2021 година.