Language switcher

Social

 

Бизнис Центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија при Центарот за Источен плански  регион  во соработка со Министерството за локална самоуправа  и Швајцарската агенција за соработка и развој , на ден 28.01.2020 година во Штип, хотел Изгрев, одржа работилница во рамките на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Темата на оваа работилница беше „Имплементација на иновативен проект во Источен плански регион“.

Како продукт од оваа работилница произлегоа три предлог концепти :

1, Поставување на агрометеоролошки станици;

2, Паметни клупи и соларни дрва ;

3, Спортски реквизити за лицата со посебни потреби ;

Произлезените  идеи за проекти, Центарот за развој на Источен плански регион ќе ги развие во проектни концепти и ќе ги достави до проектниот тим, односно до комисијата за оценување врз основа на претходно утврдени критериуми.

Највисоко рангираниот проектен концепт ќе биде развиен во целосен предлог проект. Буџетските средства за финансирање на проектот во Источен  плански регион изнесува 38.980 CHF.