Започна процесот за подготовка на
Програмите за развој на планските региони
2015-2019 година

Министерството за локална самоуправа со подршка на ГИЗ РЕД Програмата за Р. Македонија започна со процесот на подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година.

Првата работилница за ревизија  и подготовка на Програмите на планските региони се одржа на 19 август 2014 година , во Скопје на која присуствуваа раководителите на 8-те (осум) Центри за развој на планските региони во Р.Македонија и вработените во Центрите одговорни да го координираат процесот на ревизија/подготовка  на Програмите , претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, ГИЗ РЕД Програмата и назначените експерти вклучени во процесот на изработка.

Ревизијата на Програмите ќе се спроведува согласно  Законот за рамномерен регионален развој (сл.весник: 63/07,187/13), Правилникот за методологија за изработка на планските документи за регионален развој (сл.весник:102/09) и Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година (сл.весник 119/09) и ревизијата на Стратегијата.

На работилницата беа дадени:

  • Насоки за подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година,
  • Информација за процесот на ревизија на Стратегијата за Регионален Развој на Република Македонија 2009 – 2019 година,
  • Цели што треба да се постигнат во процесот на ревизија/подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015 – 2019 година,
  • Преглед на процесот за ревизија/ подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015 – 2019 година,
  • Планирање на распоредот (одделно за секој регион),
  • Улоги и одговорности на вклучените страни,
  • Завршна дискусија,
  • Заклучоци,
  • Следни чекори.

Во Програмите за развој на планските региони се определуваат:

  • Цели за развој на планскиот регион,
  • Мерки и инструменти за поттикнување развој на планскиот регион,
  • Мерки и инструменти за поттикнување развојна подрачја со специфични развојни потреби,
  • Финансиски извори, временска рамка и индикатори за спроведување на меркитеза поттикнување развој на планскиот регион,

Во Програмата се дефинираат приоритетите за развој на регионот и подрачјата со специфични развојни потреби и истата претставува основа за подготовка на плановите на единиците на локалната самоуправа во сверата на нивниот економски, социјален,урбанистички, еколошки, културен и друг развој.