Во рамките на Програмата за транснационална соработка на Југоисточна Европа, партнерство од проектот PPP4Broadbendдве години работеше да развие алатки за територијата на Југоисточна Европа каде нема или има многу слаба покриеност со интернет. Докажано е дека недостатокот од интернет има негативен ефектврз економијата и социјалната кохезија.

Активностите од проектот се во завршна фаза и резултатите беа презентирани за време на  PPP4Broadband Dayна 9ти Декември 2014 година во срцето на Европа Брисел.

Организаторите го избраа Брисел за местото на одржување на Конференцијата, со цел да присувствуваат што е можно повеќе претставници од европската администрација и да се претстави како ефикасно се потрошени Европските средства.

Проектот беше многу амбициозен од самиот почеток и партнерите мораа да се соочат со тешки услови, но до сега се покажа дека напорната работа и силната посветеност резултираа со некои промени во националните начини на гледање на јавно-приватно партнерство за изградба, па дури и  некои промени на националните законодавства .

9 PPP4Broadband модели беа развиени и тестирани во пилот региони. Мошне ветувачки разговори започна помеѓу партнерите, јавни и приватни субјекти,кои покажаа дека процесот е работа и порано или подоцна ППП-идејатаќе има своето место не само во развојот на широкопојасниот интернет, но воразличнисектори.

Домаќин на PPP4Broadband Dayбеше Белгиската Развојна Агенција.

Г-ѓа Ана Krzyzanowska, шеф на Одделот за развој на широкопојасна политика, при Европската комисија, изјави дека единствениот дигитален пазар и инфраструктура во широкопојасен интернет се меѓу врвните приоритети на новата комисија, ова се рефлектира и во структурата на мисионери. "Широкопојасен интернет продуцира конкурентност, создава нови работни места" - изјави таа и ја прикажа сегашната состојба и  иднината во развојот на широкопојасниот интернет.

Г-дин Јан Кубалик од Агенцијата за иновации и за соработка, презентираше на учесниците добро структуиран преглед на проектните резултати и додаде дека развиените модели покажаа како треба да се работи и во иднина тие можат да бидат применети врз основа на веќе докажани примери.

Г-дин Флоријан Дамас, директор за односи со јавноста од Алкател Луцент претстави случаи на успешно спроведени проекти од областа на  широкопојасен развој и исто така ги презентираше идните погледи на Алкател Lucent основа на нивното искуството.