Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамки на номинацијата на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

На 23 јануари 2019 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се потпиша договор за истражување и подготовка на досието за аплицирање на Лесново за членство во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

Повеќе...

На ден 26.12.2018 година се одржа Осмата свечена седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Чешиново-Облешево.

На Седницата се усвои Финансискиот план на Центарот за развој на источен плански регион за 2019 година и се донесе годишниот Акционен план за 2019 година за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ИЗВЕДБА НА РАБОТИ, со предмет:

„Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево“

Референтен број  05-399/3

Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) ги поканува заинтересираните компании да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 27.12.2018 година во 11:00 часот, адресирани до ЦРИПР. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ).

Заинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 20.12.2018.

Реализацијата на „Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево“ е проект финансиран преку Програмата за зачувување на природата во Македонија - фаза 2.

Тендерската документација за јавниот повик може да ја преземете на следниот линк.

На 30 ноември 2018 година се реализираше акција за засадување на тополови и врбови садници непосредно до крајречниот појас на реката Брегалница, во близина на селото Пенуш во општина Штип.

Засадувањето се изврши со автохтони видови на садници карактеристични за регионот со што се придонесува кон зачувување на природата и биодиверзитетот во долниот тек на река Брегалница.

Повеќе...