На 20 септември 2018 година во просториите на Општина Штип се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Вардарградба - Скопје за реализација на проектот „Со младите во заедничка зелена иднина“.

Договорот за изградба на детската градинка во населба Сењак, раководителот на Центарот и управителот на Вардарградба го потпишаа во присуство на градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски.

Повеќе...

Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој ќе се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион.

На ден 29-ти септември 2017 година (петок), во  хотел „Изгрев“ во Штип  Центарот за развој на Источен плански регион организираше работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР.

Повеќе...