Соопштенија од седници на Советот

Во прилог ги поместуваме информациите од одржаните седници на регионалниот совет.
За повеќе информации контактирајте не.

Одржана деветта седница на Совет за развој на Источен плански регион

На ден 12.03.2019 година се одржа деветтата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Карбинци.

На Седницата беа усвоени завршните сметки за работата на Центарот за развој на Источен плански регион, како и на сметките на проектите кои се реализираа во текот на 2018 година.

Совет

Советот за развој на планскиот регион се формира за секој регион посебно.

Членови на Советот за развој на Источниот плански регион се Градоначалниците на Единиците на локална самоуправа во состав на регионот.

Со Советот раководи Претседателот, кој се избира од редот на Градоначалниците, со мандат од 2 (две) години.

Берово

Звонко Пекевски, Градоначалник на Општина Берово

Vinica Ивица Димитров, Градоначалник на Општина Виница
Delcevo Горан Трајковски, Градоначалник на Општина Делчево
Zrnovci Блаже Станков, Градоначалник на Општина Зрновци
Karbinci Јордан Насев, Градоначалник на Општина Карбинци
kocani Николчо Илијев, Градоначалник на Општина Кочани
Kamenica Соња Стаменкова, Градоначалник на Општина Македонска Каменица
Pehcevo Драган Тренчовски, Градоначалник на Општина Пехчево
Probistip Драган Анастасов, Градоначалник на Општина Пробиштип
Cesinovo Горанчо Крстев, Градоначалник на Општина Чешиново-Облешево
Stip Благој Бочварски, Градоначалник на Општина Штип

 

Советот за развој на Источниот плански регион ги врши следните функции:

  • ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој;
  • донесува Програма за развој на планскиот регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој;
  • донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за разој на планскиот регион;
  • утврдува годишна листа на предлог-проекти за равој на планскиот регион;
  • доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамки на планскиот регион, согласно со критериумите од членот 7 на овој закон;
  • обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој;
  • иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор;
  • jа промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси;
  • врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон;
  • советот за развој на планскиот регион усвојува годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на планскиот регион.