Skip to content

Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион и шеснаестото Регионално Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион

ДАТУМ

мај 14, 2009

Категории

На 14. 05. 2009 во Хотел Сириус во Струмица се одржа Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

Седницата започна со усвојување на Записникот од Конститутивната седница на Советот за развој на Источниот плански регион одржана на 10.05.2009 година во Штип и Записникот од XXIII (дваесет и третата) седница на Советот за развој на Источниот плански регион во стариот состав, одржана на 13.03.2009 година во Штип.

Главна точка на Седницата беше: Информацијата за Центарот за развој на Источниот плански регион и неговите активности.

Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-ѓа Драгица Здравева најнапред ги поздрави Градоначалниците и им се заблагодари за присуството на втората седница на Советот и продолжи со опширно излагање и Power Point презентирање на претходните и тековните активности на Центарот. Од страна на Претседaтелот на Советот Г-дин Ратко Димитровски беше кажано дека информацијата од Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-ѓа Драгица Здравева е добра и корисна за работата на овој состав на Советот.

altПо завршувањето на Втората Седница на Советот за развој на Источен плански регион се одржа и XVI (шеснаестото) „Регионално Собрание на Градоначалници од Брегалничко – Струмичкиот Регион“ на кое зедоа учество 20 Градоначалници од двата региона.

На Собранието беше истакнато дека работата во изминатите 4 (четири) години била многу конструктивна што се гледа и од бројот на одржани Собранија во просек по 4 (четири) годишно.

Претставниците на ГТЗ РЕД Уве Крапитц и Јенс Адлер ги презентираа:

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy