Skip to content

Создавање на мрежи на партнерства и промоција на заеднички одржливи вредности

ДАТУМ

јуни 26, 2009

Категории

alt

Во текот на месец јуни 2009 година, Центарот за развој на Источен плански регион го реализираше својот проект „Создавање на мрежи на партнерства и промоција на заеднички одржливи вредности. Проектот се состоеше во посета на Единиците на Локална Самоуправа и работни средби со претставници од невладиниот сектор, јавниот и приватниот сектор.

На работните средби беше презентирана Програмата за развој на Источен плански регион 2009-2013 година, со цел изнаоѓање на можни полиња за соработка и имплементација на проекти со сите засегнати страни на локално ниво, сегашни и идни партнери на Центарот.
Работните средби на Центарот започнаа на 04 јуни 2009 со работна средба во општините Делчево и Македонска Каменица. На 15 јуни беше остварена работна средба во општина Штип и Карбинци, на 16 јуни во Кочани и Чешиново – Облешево и на 17 јуни во Пехчево и Берово. Средбите на Центарот завршуваат на 29 јуни со посета на општина Пробиштип и на 30 јуни, на Виница и Зрновци.
Оваа активност на Центарот наиде на широк прием кај пошироката јавност, за што зборува и големиот број на посета на истата.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy