Skip to content

Трета Седница на Советот за развој на Источен плански регион

ДАТУМ

јуни 26, 2009

Категории

alt
   
На 19.06.2009 година во хотел „Брана Градче“-Кочани, Советот за развој на Источен плански регион, ја одржа својата III (трета) Седница. Со Седницата претседаваше Г-дин Ратко Димитровски, Претседател на Советот за развој на Источен плански регион и на истата присуствуваа Градоначалниците на сите единаесет Единици на Локална Самоуправа од регионот.

По усвојувањето на Записникот од претходната Седница на Советот, се прејде на разгледување на можните предлог проекти од Акциониот план за 2009 година за реализација на Програмата за развој на Источен (Брегалнички) плански регион 2009-2013 година. Во конструктивна атмосфера се изнесоа доста квалитетни предлог-проекти како од страна на општините така и од страна на Центарот, пред се од регионален карактер.

После плодната дискусија, се донесе Заклучок на наредната Седница на Советот која ќе се одржи веќе на 06.07.2009 година, се одлучи со кои предлог проекти ќе се продолжи во реализација, со крајна  цел, интензивирање на развојот на Регионот.

 

 

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy