Skip to content

ДАТУМ

септември 18, 2009

Категории

Запознавање со состојбата со секторот отпад во Источниот плански регион

altНа 15. 09. 2009 година во малата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема Запознавање со состојбата со секторот отпад на регионот. На истата беа присутни Градоначалниците, Раководителот на Центарот за развој на Источниот плански регион Г-ѓа Драгица Здравева, претставници од Советите на општините, јавните претпријатија и од секторите за животна средина од ЕЛС во рамки на Источниот плански регион. На работната средба присуствуваше и  Г-ѓа Елизабет Понцелет од ТЕАКС мисијата за управување со отпад, Г-ѓа Даринка Јантинска раководител на одделението за ИПА при МЖСПП.

На средбата беа разменети мислења за состојбата со интегралното управување со отпад во рамките на регионот. На општо altзадоволство беше констатирано дека на овој план доста е направено. Веќе е потпишан Меморандум за соработка помеѓу градоначалниците во рамките на регионот за формирање на регионално комунално претпријатие и во тек е постапка на донесување одлуки од страна на Советите на единиците на локална самоуправа за формирање на ваквото претпријатие.
На крајот на состанокот Г-ѓа Понцелат не го криеше задоволството од досега сработеното, посака успех во понатамошните активности од овој план.

По завршувањето на состанокот сите присутни ја посетија депонијата Трештена скала во близина на Штип.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy