Skip to content

Договор за реализација на проекти

ДАТУМ

јануари 29, 2010

Категории

Центарот за развој на Источниот плански регион застапуван од Раководителот Г-ѓа Драгица Здравева и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој застапуван од директорот Г-дин Џемаил Ељмази на 18 декември 2009 година потпишаа договор за реализација на проекти во Источниот плански регион. Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2009 година и тоа од потпрограмите „За Атрактивни плански региони“ и „Рамномерен регионален развој“.  Предмет на овој договор  е рализација на девет  проекти во Источниот плански регион и тоа:
1.    Изработка на главен проект за изградба на поврзувачки пат на Осоговските планини кој ќе ги поврзува општините Македонска Каменица, Кочани, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка;
2.    Изработка на физибилити Студија со идејни проекти за изградба на мали акумулации во месноста Арамиска чешма, Кочани;
3.    Сигнализација и сигналитика на туристичките локалитетиво микрорегионот Пијанец-Малеш;
4.    Изготвување на техничка документација за патниот правец с. Видовиште – с. Теранци – с. Кучичино – с. Борилчево – с. Аргулица;
5.    Изработка на основен изведбен проект за пречистителна станица за фекални води за с. Зрновци;
6.    Изработка на физибилити Стидија и урбанистички проект за изградба на мини акумулац ија на река Косевичка;
7.    Изградба на еко патека за поврзување на с. Лесново и с. Пантелеј;
8.    Изградба на колекторски систем во с. Митрашинци – Берово
9.    Асфалтирање на патен правец с. Пантелеј – с. Рајчани со поврзување со с. Турско Рударе
   Вкупните средства кои се доделени за реализација на овие проекти се 20.831.958,00 денари. Носител на реализација на проектите е Центарот за развој на Источниот плански регион.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy