Skip to content

ЗЕЛС ЕКСПО

ДАТУМ

јануари 29, 2010

Категории

altВо организација на ЗЕЛС на 25 и 26.11.2009 година во Скопје се одржа Саемот на општини „ЗЕЛС ЕКСПО“. На Саемот покрај општините, за прв пат се претставија и Центрите на планските региони. Центарот за развој на Источниот плански регион со финансиска поддршка од ГТЗ РЕД учествуваше и го презентираше регионот. На Саемот заедно со Центарот на ист штанд беа претсатвени можностите и потенцијалите на шест општини од регионот (Карбинци, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Делчево и Зрновци).

Центарот за развој на Источниот плански регион за овој настан изработи голем број на промотивни altматеријали и банери и обезбеди производи кои се произведуваат и се карактеристични за овој регион. Во текот на двата дена колку што траеше Саемот, штандот беше масовно посетуван и беше одлична можност за претставување и пред се доближување на работата на Центарот и воопшто регионот.  Голем број од посетителите беа изненадени од убавините и ресурсите  со кои располага регионот како потенцијали за иден развој. 
altСаемот придонесе да се остварат контакти со другите Центри, општини од другите региони, разни организации како од Македонија така и меѓународни кои имаат свои претставништва во Република Македонија. Се воспоставија линкови со доста организации потенцијални партнери на Центарот во имплементацијата на идни проекти. Со некои од нив во тек се потпишување на Меморандуми за соработка и разбирање, со цел официјализирање на соработката.

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy