Skip to content

Одржана деветата Сеница на Советот за развој на Источен плански регион

ДАТУМ

март 15, 2010

Категории

altДеветата Седница на Советот за развој на Источен плански регион се одржа на 25.02.2010 година во с. Облешево. На Седницата присуствуваа Градоначалниците од Источниот плански регион, претставници од МЖСПП и вработените во Центар за развој на Источен плански регион.

На Седницата се усвои Акциониот план за работа на Центарот за 2010 година, беше предложена Годишна листа altна предлог проекти за финансирање во 2010 година преку Биро за регионален развој. Поради дополнителни консултации помеѓу Градоначалниците за приоритетноста на предлозите, оваа листа ќе биде усвоена на Седницата на Советот на 04.03.2010 во Пробиштип. На Седницата се донесе заклучок да се продолжи активноста за зачленување на Источниот плански регион во AER и беа номинирани и избрани членовите за постојните Комисии и Програми во рамките на истата.
Раководителот на Секторот ИПА при МЖСПП, г-ѓа Даринка Јантинска ги презентираше ИПА активностите за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад.
На Седницата, Центарот покрена иницијатива за потпишување на „Меморандум за соработка и координација во насока на зголемување на инвестициите за развој на патната мрежа во Источна Македонија“, која беше едногласно усвоена.
 

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy