Skip to content

Меѓународен Симпозиум „Патеката на Железната завеса”

ДАТУМ

јуни 2, 2010

Категории

alt„Патеката на Железната завеса” (Iron Curtain Trail – ICT) поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса – притоа минувајќи низ многу земји, вклучително и 14 ЕУ членки. Истата поврзува споменици, музеи и други градби кои сведочат за историјата на поделена Европа, како и за мирната револуција во Централна и Источна Европа. Дел од „Патеката на Железната завеса“ поминува низ територијата на Македонија. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово. Рутата минува низ полиња и ливади и потоа продолжува во општина Струмица, за на крај преку Босилово да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоиментиот граничен премин.

 altНа 9 април 2010 година во Спомен Дом „АСНОМ“, општина Делчево беше одржан Mеѓународен Симпозиум „Патеката на Железната завеса” – Развивање на потенцијалите за алтернативен туризам во Македонија. Овој настан беше организиран од Центарот за развој на Источен плански регион и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Програмата на Германската техничка соработка за регионален економски развој (ГТЗ РЕД) и Германската амбасада во Македонија. На Симпозиумот присуствуваа 160 учесници, засегнати страни во главно претставници од министерства, општини, развојни организации, туристички асоцијации и агенции, новинари, претставници од велосипедски асоцијации и организации и т.н. Со цел промовирање на „Патеката на Железната завеса“ во Македонија, настанот продолжи следниот ден (10 април 2010 година) со промотивна велосипедска тура од Берово до Колешино.

Главен спикер на Симпозиумот беше Г-дин Михаел Крамер, Пратеник во Европскиот Парламент, Брисел и alt„татко“ на идејата за „Патеката на Железната завеса“. Високите претставници и фасилитатори од Македонија и странство, експерти за главните теми за дискусија го направија Симпозиумот динамичен форум за пренесување на стручност и компетентност, како и за размена на искуства. Секоја од сесиите беше интерактивна, со вклучен простор за прашања и коментари од учесниците.

 Главни цели идентификувани на Симпозиумот

     Да ги собере сите засегнати страни на едно место кои работат на локално, регионално и национално ниво во пограничниот регион помеѓу Македонија и Бугарија по текот на ICT

     Претставување на потенцијалите за алтернативен туризам во пограничниот регион Македонија – Бугарија

     Отварање на дискусија за политиките за развој на туризмот и неговото влијание врз развојот на прекуграничните региони и севкупната регионална економија

     Отварање на можности за активна имплементација на ICT во склоп на постоечките национални и локални политики и стратегии за туризам, како и иницирање на партнерства за имплементација на проекти за прекуграничен регионален развој

     Регионите да изразат интерес за активно учество во развојот на ICT

altДискусијата на различни теми придонесе за подигнување на свеста и информирање на учесниците за принципите и практиките за развој на оддржлив туризам. Истовремено Симпозиумот придонесе и за подобро разбирање на улогата на велосипедскиот туризам за поттикнување на локалната економија и поддршката на локалните бизниси.

 
Следниве препораки и бенефиции се составен дел од настанот:

     „Патеката на Железната завеса“ во Македонија може да се прошири и менува со цел да се приспособи кон потребите на велосипедистите туристи. Приспособувањето треба да вклучува, меѓу другото и адекватна и соодветна инфраструктура, како велосипедски правци и патеки, продавници за изнајмување и поправки на велосипеди по должината на патеката, сместувачки капацитети, угостителски објекти и т.н.

     Да се подготви туристички пакет кој ке ги вклучи историските и културните аспекти на „Патеката на Железната завеса“ со цел нејзино понатамошно промовирање низ Македонија

     Да се изработи мапа за делот од „Патеката на Железната завеса“ кој што минува низ Македонија

     Проширувањето на „Патеката на Железната завеса“ отвара добра можност за аплицирање за финансирање на меѓународни проекти. Според објаснувањата на Г-дин Крамер, Европскиот парламент е подготвен да ко-финансира вакви проекти. Организациите и институциите од двете страни на границата се охрабруваат да развиваат заеднички проектни апликации за понатамошен развој на „Патеката на Железната завеса“

     При понатамошните конструкции и реконструкции на локалните и регионалните патишта треба да се имаат во предвид и потребите на велосипедистите туристи

     Локалните заедници да се поттикнат да ја вклучат „Патеката на Железната завеса“ во нивните промотивни активности со цел зголемување на нивните приходи преку велосипедскиот туризам

     Локалните и регионалните организации да се поттикнат да ја користат подршката од Германската Техничка Соработка во понатамошното развивање на „Патеката на Железната завеса“ во Македонија

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy