Skip to content

“Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина”

ДАТУМ

јуни 8, 2010

Категории

altИмплементацијата на Проектот Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина започна на 08.05.2010 година на Плоштад Македонија во Скопје во делот познат како лизгалиште и се одржува секоја сабота во периодот од 12,00 – 17,00 часот. На овој настан ќе се претставуват регионите со сите свои специфики, активности, можности, потенцијали и сл.

 Источниот плански регион своето претставување ќе го има во Сабота на 12.06.2010 година од 12,00 – 17,00 часот.

Повелете посетете не.

Центарот за развој на Источен плански регион и сите 11 (единаесетте) општини од регионот ќе ги претстават спецификите кои се карактеристични за нивните подрачја како: малешевско и осоговско сирење и кашкавал, медот, виното, кочанскиот ориз, традиционални ракотворби и угостителски објекти од Источниот altплански регион.

 На централниот дел на Плоштадот Македонија значајно место ќе завземе Етно собата и Амбарот со житни култури како една од спецификите и обележјата на регионот.

 Источниот плански регион исто така е препознатлив и по текстилната и чевларската индустрија. За таа цел како дополнителна содржина која ќе го збогати настанот ќе биде Модната ревија на познати креатори од Источниот плански регион кои ќе се претстават со своите најнови креации кои предизвикаа голем интерес во Македонската и Светската Јавност.

 Настанот дополнително ќе биде збогатен со пејачи од Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ кој што веќе  25 години се одржува во Штип. За поголемиот дел од естрадните уметници „Макфест“ претставуваше прв чекор во нивната успешна кариера.

На настанот ќе земат учество повеќе Културно Уметнички друштва кои ќе го промовираат богатион народен мелос преку традиционални песни и ора.

 Модератор на настанот ќе биде Игор Џамбазов.

 

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy