Skip to content

Активности за изработка на студија за одржлив развој на органското земјоделско производство во Источниот плански регион

ДАТУМ

јуни 28, 2010

Категории

Последниот ден од мај беше терминот кога се одржа првата, од двете планирани работилници од Проектната задача Изработка на Студија за одржлив развој на органското земјоделско производство.
  
На истата присуствуваа вработени во локалните самоуправи и канцелариите за локален економски развој од општините кои спаѓаат во Источниот плански регион, вработени во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-Регионален центар Штип и од ЈП Македонски шуми, подружница Штип.
На дневниот ред беа две активности, изработка на Анализа на проблеми и Дијаграм на цели, кои треба да помогнат во идентификувањето на слабостите кои придонесуваат да не се користат потенцијалите со кои располага овој плански регион.
  
Со помош на тимот од Канцеларијата за рурален развој, учесниците на работилницата ги определија главните проблеми, кои ги чинат причините за слабиот развој на органското земјоделско производство, го утврдија главниот проблем и последиците, за да во продолжение изработат и дијаграм на цели, во кои беа утврдени општите и специфичните цели.
  
Втората работилница, спроведување секторска SWOT анализа ќе се одржи кон крајот од јуни.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy