Skip to content

ДАТУМ

јуни 29, 2010

Категории

Кластеринг

altКластерите како форма на организирање на сите чинители кои придонесуваат за јакнење на компаниите, е алатка која се повеќе се користи во светот.

Во процесот на кластеринг е важна улогата на потпорните учесници за поддршка на кластерингот а Министерството за економија, АППРМ и регионалните центри со своите активности се на врвот на пирамидата.

Министерството за економија, во соработка со ГТЗ-Македонија, во функција на реализација на Програмата за развој и поддршка на кластерството за здружување за 2010 година, согласно точката 1.2 од Програмата- Организирање на семинари за подигање на свеста за кластеринг на 11-ти Јуни во Струмица и на 18-ти Јуни во Штип организираше семинари за подигање на altсвеста на кластерингот.

Целна група на семинарите беа потенцијални членки кои би претставувале јадро на евентуален кластер.

Резултатите од семинарите се: соработка на учесниците преку идентификувани задачи и активности, изготвена предлог листа на заеднички активности, идентификување на одговорни лица за организирање и спроведување на одредени активности, како и јавен повик за предлог проект кој треба да излезе на 31-ви Јуни.

 

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy