Skip to content

ДАТУМ

јуни 29, 2010

Категории

Работилница на тема „Регионален Маркетинг“

altЦентарот за развој на источниот плански регион во соработка со ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Македонија одржаа работилницата на тема „Регионален маркетинг„.
Работилницата се одржа во хотелот Оаза во Штип. Работилницата се одржуваше од 21-23-ти јуни со утврдување на брендови преку кои истокот може да се претстави и да креира стратегија за регионален маркетинг.

Целта на работилницата е запознавање со основите на регионален маркетинг, позитивни altискуства од земји од ЕУ како и креирање на концепт за промоција на источниот (Брегалнички) регион. На работилницата присуствуваат претставници на општини од регионот, економски и правни експерти кои треба да стекнат искуства и знаења за регионална промоција на источниот или брегалничкиот регион.
Работилницата ја отвори градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов кој истакна дека источниот регион мора да утврди производи кои ќе станат препознатлив бренд на овој регион со цел вложување во нивна промоција и креирање на успешна промотивно-туристичка перспектива за избраните производи.
На работилницата се застапени тројца модератори од кои еден од Германија и еден од Хрватска. Тие треба да помогнат во теоретската едукација но и практично околу пренесување на позитивните искуства од земјите на ЕУ со посебен осврт на Хрватска. Предвидена е посета и на археолошкиот локалитет Баргала како еден од локалитетите кои можат да бидат бренд-обележје на регионалениот маркетинг.

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy