Skip to content

ДАТУМ

јуни 29, 2010

Категории

Јавна расправа за “Студијата за искористување на потенцијалите на биомаса за производство на енергија во Источниот плански регион”

altЦентарот за развој на Источниот плански регион на 22-ри Јуни во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за искористување на потенцијалите на биомаса за произвотство на енергија на Источниот плански регион“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, декани на факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „ЕМС-Темос“ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.

По излагањето на раководителот на Центарот за развој на Источниот плански региот Г-ѓаalt Драгица Здравева, тимот задолжен за изработката на Студијата со тим лидерот проф.д-р Страхиња Трпевски ја презентираа нацрат верзијата на оваа Студија, по што започна јавната расправа.
altУчесниците на оваа јавна расправа со конструктивни забелешки посочија повеќе предлози до тимот за изработка на студијата да бидат земени во предвид, по што тие одговорија позитивно дека ќе ги разгледаат забелешките и доколку има потреба истите ќе бидат вметнати во Студијата.
 

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy