Skip to content

Одржан редовен работен состанок со Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов

ДАТУМ

јули 28, 2010

Категории

altНа 27.07.2010 година се одржа редовна работна средба помеѓу Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов и Градоначалниците од Источниот плански регион. Работната средба се одржа во Претседателската резиденцијата.

 На средбата Претседателот се интересираше за altактуелните проблеми во Источниот плански регион како еден од најнеразвиените региони и за активностите кои се водат од страна на градоначалниците за надминување на одредени состојби. Посебно беше истакнат проблемот со водоснабдувањето и одводот на отпадни води, управувањето со цврсaltтиот отпад, животната средина и меѓународната соработка посебно на делот на прекуграничната соработка.

Претседателот во целост беше запознат со програмските активности на Источниот плански регион и можностите за финансирање на истите. Тој изрази надеж дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина што претставува допринос во мотивирањето и претставувањето на регионот во земјата и надвор од неа.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy