Skip to content

Јавна расправа за „Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)“,

ДАТУМ

септември 29, 2010

Категории

Центарот за развој на Источниот плански регион на 14-ти Септември во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, претставници од Министерство за локална самоуправа, Министерство за економија, професори од факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „Урбан рурален консалтинг – Скопје “ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.

Јавната расправа ја отвори градоначалникот на општина Штип Д-р Зоран Алексов, потоа свое излагање имаше раководителот на Центарот за развој на Источниот плански региот Г-ѓа Драгица Здравева, тимот задолжен за изработката на Студијата со тим лидерот м-р Славко Милески ја презентираа нацрат верзијата на оваа Студија, по што започна јавната расправа.
 Учесниците на оваа јавна расправа со конструктивни забелешки посочија повеќе предлози до тимот за изработка на студијата да бидат земени во предвид, по што тие одговорија позитивно дека ќе ги разгледаат забелешките и доколку има потреба истите ќе бидат вметнати во Студијата.
За јавната расправа беше изработе флаер кој беше поделен на учесниците.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy