Skip to content

ДАТУМ

ноември 1, 2010

Категории

Студиско патување во Разлог Р. Бугарија

altНа 23-25 септември 2010 година, се реализира Студиско патување во Разлог Р. Бугарија на кое учествуваа градоначалниците на Источниот и Југоисточниот плански регион како и Раководителите на Центарот за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион. Студиското патување беше во организација на ГТЗ и Здружението на Југозападните општини од Р.Бугарија. Студиското патување „Регионален економски развој преку Регионален менаџмент” е од особено значење, имајќи го во предвид искуството на партнерите од Р. Бугарија во имплементацијата на проекти финансирани од евроипските фондови. Беа презентирани имплементирани проекти и проекти во тек од страна на општина Разлог:

1. „По патот на раното христијанство“ – развој на културен и религиозен altтуризам во регионот
2. „Формирање на локална група за Иницијативи“ – имплементација на LEADER пристап;
3. „Изградба на Регионално депо за цврст отпад од домаќинствата и воспоставување на претпријатие за прелиминарно справување со отпадот“ – пример за соработка помеѓу општините Разлог, Банско, Белица и Јакоруда;
4. „Искуствата на општината во спроведувањето на Јавно Приватно Партнерство” – изградба на мулти -функционална спортска сала
5. „Децентрализација на социјалните услуги“ – центар за социјална превенција, центар за социјална интеграција и рехабилитација, дневен центар за деца со интелектуални дефицити, дневен центар за возрасни со интелектуални дефицити, безбедни домови, домашна социјална патронажа, итн.
altНа средбата се оддржа и билатерален Бугарско–Македонски форум „Регионален развој“ , потоа презентација на Бугарската стратегија и практики во регионалниот развој како и Механизми за стимулација на меѓуопштинско и регионално партнерство. Целта на патувањето меѓу останатото е да се бараат начини за пристап на општините до структурните фондови на Европската Унија преку Оперативни Програми и Проекти за прекугранична соработка.
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy