Skip to content

Month: април 2011

Одржан втор состанок на Надзорениот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

На 25.02.2011 година во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање се одржа 2 (втор) состанок на Надзорниот комитет за проектот „Зајакнување на административните  капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

Прочитајте повеќе

Kоординативна средба во врска со одобрениот Проект „Балканска велосипетска патека“

На 25.02.2011 година во Благоевград, Р. Бугарија се одржа првата координативна средба во врска со одобрениот Проект од страна на Европската Комисија „Балканска велосипетска патека“ во кој Центарот за развој на Источниот плански регион се јавува како партнер заедно со  Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Целта на Проектот е да се дефинира  велосипедската патека во рамките на  „Патеката на железната завеса“, во пограничните  региони од Р.Македонија, Р.Бугарија, Р. Грција и Р.Романија. Патеката влегува во Р. Македонија низ граничниот премин кај Делчево,  продолжува преку низински предел кон  Пехчево и Берово,  потоа продолжува кон Струмица за на крај преку Босилево да премине во општина  Ново Село и излезе од  Македонија на истоимениот граничен премин.

Прочитајте повеќе

Состанок за можностите за алицирање на СПА грант програмата

На 28.01.2011 година претставник од Центарот за развој на Источниот плански регион и претставник од Мировниот корпус во просториите на општина Кочани одржаа координативен состанок со претставници на општина Кочани,
Прочитајте повеќе

Oдржана Јавна расправа за ,,Физибилити Студија за изградба на мини акумулација на река Косевичка.”

На ден 13.01.2011 година во просториите на општина Македонска Каменица се одржа Јавна расправа за ,,Физибилитии Студија за изградба на мини акумулација на река Косевичка.” Физибилити студијата за изградба на мини акумулација на река Косевичка, е изработена од страна на Хидро-Енерго Инжинеринг ДОО Скопје и беше детално презентирана од страна на Г-дин Ангел Панов член на експертскиот тим за изработка на студијата.

Прочитајте повеќе