Skip to content

ДАТУМ

мај 19, 2011

Категории

Врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”

На 04 март 2011 година во просториите на Универзитетот  “Гоце Делчев” Штип на свечен начин од страна на Ректорот на универзитетот  Д-р Саша Митрев на Градоначалниците од регионот им беше врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”.

 По обемната истражувачка работа на терен, прибирање на податоците од карактер кој ќе помогне да се добие што е можно поквалитетен документ, сумирањето на сите резултати и давањето насоки, следеше фазата на прибирање  мислења од оние на кои студијата се однесува.
Истражувањето се однесува и на искористување на природните услови во овој регион за организирање на одржлив развој на органското земјоделско производство. 
Oвој стратешки документ може значително да придонесе кон побрз развој на специфичното земјоделско производство, стопанската гранка и регионот во целина. Процесот на изработка на оваа студија беше долг и бараше тимска работа со вклучување на експерти од различни дисциплини, кои ги следат најновите достигнувања во науката и технологијата, одлично ја познаваат фактичката состојба на теренот, а со единствена цел, документот да може да бидеприменлив. Експертскиот тим од Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип пристапи со крајна сериозност  во изработката на Студијата. Истражени се сите можности кои може на еден или друг начин да го поттикнат овој начин на производство. Студијата дава широка можност за понатамошна разработка на истражувачки активности, развој на акциони планови и одлична основа за изработка на планови за идни инвестициони активности.
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy