Skip to content

Одржан состанок по повод проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“

ДАТУМ

мај 19, 2011

Категории

На 15 март 2011 година Министерството за економија во соработка со Министерството за локална самоуправа одржа состанок за: Kонсултации за подготовка на ТОР за ИПА проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“. Состанокот се одржа во Министерството за економија.  Имено, Министерството за економија поднесе апликација за ИПА проектот кој е прифатен и има за цел да ја поддржи инплементацијата на проактивна индустриска политика во сите фази и области на интервенција преку две компоненти:

– Компонента 1: Јакнење на институционалните капацитети за имплементација, евалуација и ревизија на проактивната индустриска политика.
– Компонента 2: Креирање на програми за имплементација на следните четири приоритетни области од индустриската политика (i) зголемување на иновативноста (ii) нови еко технологии производи и услуги за одржлив развој, (iii) забрзување на бизнис партнерството и интернационализацијата и (iv) олеснување на процесот на дијалог со бизнис заедницата.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy