Skip to content

Промотивен ден на Источниот плански регион

ДАТУМ

декември 22, 2011

Категории

alt19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.

Изложениот пишан промотивен материјал, археолошките антиквитети, традиционалната храна и пијалоци, традиционалните ракотворби како и производи од производните капацитети од регионот беа презентирани пред присутните на настанот.

 Настанот беше збогатен и со културно уметничка програма која што траеше повеке од 4 часа.

Посебно значаен дел од настанот беше организираната тркалезна маса на тема: Финансирање на регионалниот развој во Република Македонија“ – Ефективна координација на средствата наменети за развој на планските региони кои се реализираат преку Министерството за локална самоуправа, линиските министерства и други извори.

На тркалезната маса учествуваа Градоначалниците од Источниот плански регион, Претседателот на советот наalt Југоисточниот плански регион, Градоначалникот на општина Лозово од Вардарски плански регион, Раководителите на Центарот за развој на Источнио и Скопскиот плански регион, повеќе консултанти и заинтересирани претставници од надлежните институции.

Од Форумот произлегоа повеќе заклучоци кои се доставени до Советот за рамномерен регионален развој и Владата на Република Македонија.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy