Skip to content

Саем на трудот

ДАТУМ

декември 22, 2011

Категории

altНа 17 и 18 декеври 2011 година во организација на МЛС и Центарот за развој на Источниот плански регион во чиј состав влегуваат 11 општини од регионот во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Стопанската комора на Република Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, општина Штип и Советот за развој на Источниот плански регион се одржа држа првиот „Саем на трудот“ на локација Безистен – Штип. 

Настанот го отвори Заменик Министерот за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски.

Проектот се спроведе како дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2011-2015 година со цел на исто место да се сретне Бизнис заедницата , односно работодавачите и невработените лица од планскиот регион. 

На саемот присутните фирми имаа можност да ги претстават своите бизнис планови за развој, можностите за вработување и потребите од одреден стручен кадар пред невработените, но истовремено да се запознаат со Програмите и мерките на надлежните институции  за поддршка на Бизнис заедницата за намалување на стапката на невработеност. alt

Од овие причини на 18 декември во салата на општина Штип се одржа Форум на кој на присутните фирми и невработените им беа претставени мерките и активностите што Владата на Република Македонија  ги спроведува преку надлежните Министерства и институции за решавање на овој горчлив проблем.

Настанот беше Финансиски поддржан од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Република Македонија.

 

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy