Skip to content

Унапредување на прекуграничната сорботка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија

ДАТУМ

јануари 24, 2012

Категории

Центарот за развој на Источен плански регион – Штип започна со имплементирање на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” со крајна цел подобрување на бизнис климатата во прекуграничниот регион помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија. Проектот има за цел да ја подобри бизнис соработката  преку развој на бизнис услуги, маркетинг на малите и средни претпријатија и подобрување на пристапот до информации и консултантски услуги во прекуграничниот регион.
Во делот на активности предвидени се: Основање и раководење на Бизнис центар за прегугранични иницијативи во Штип; Создавање на заедничка веб платформа за маркетинг и бизнис информации (JUMP); Спроведување на серија семинари и обуки на менаџери од мали и средни претпријатија и Институции кои нудат поддршка на бизнис секторот; Издавање на  Прекуграничен Бизнис каталог за МСП; Градење на Партнерска Мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во целиот прегураничен регион.
Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, изјави: “Ова претставува почеток на една долгорочна соработка помеѓу овие два региона и веруваме дека ќе донесе огромни позитивни резултати на економски план. Целта е да им овозможиме на компаниите од двете држави да се поврзат со цел да ги подобрат своите производи и услуги и успешно заеднички да настапат на единствениот европски пазар. Наша крајна цел е постојано да се унапоредува соработката, не само на економски план туку и во останатите сегменти”.
Проектот е со траење од 12 месеци и се очекува да доведе до привлекување на повеќе инвестиции во двата партнерски региони кои нудат огромни можности и неискористени потенцијали. Со воспоставувањето на Партнерската Мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот се очекува да се создадат заеднички мерки и инструменти за потикнување на соработката помеѓу малите и средни претпријатија.
Проектот  е финансиран од страна на Европската унија, IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007, и се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија.  
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy