Skip to content

Втор координативен состанок во врска со проектот СИНЕТ

ДАТУМ

јануари 25, 2012

Категории

На 17-ти Јануари во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се одржа вториот координативен состанок во врска со проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“, кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион, како водечки партнер од Р. Македонија и општина Гоце Делчев, како партнерска институција од Р. Бугарија, а е дел од Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија – Р. Бугарија, бр.2007CB16IPO007-2009-1. Проектот започна со имплементација од 20.05.2011 година. Истиот овозможува размена на искуства и комуникација помеѓу институциите од двете страни на границата и заедничко користење на расположливите капацитети за третман на децата со физички хендикеп. Веб порталот и Студијата, ќе ги анализираат и мапираат потенцијалите и можностите на институциите од различен карактер кои работат на рехабилитација на деца со пречки во физичкиот развој, ќе се создаде заеднички информативен систем. 

alt Со тоа се отвараат можности за трансфер на добри практики, достапност до најновите терапевтски методи и пристапи во воспитно-образовниот процес и институционални контакти за прекугранични дејности. Како резултат на зголемена информираност, се очекува да се развијат иницијативи за воведување и практична примена на различни видови на методи и техники за рехабилитација, кои недостасуваат во прекуграничниот регион. Со училишната инклузија на оваа ранлива група се придонесува кон нивна социјална инклузија. На вториот координативен состанок присутните: Г-дин Денис Жерновски-раководител на проектот, Г-ѓа Драгица Здравева-раководител на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-дин Александар Николов-координатор на проектот од Македонија и Г-дин Иван Ботушев-координатор на проектот од Бугарија, дискутираа во врска со следните точки:

  1. Расправа во врска со напредокот на проектот
    Расправата се однесуваше на тоа кои тендери до сега се спроведини и во иднина кои треба да се спроведат. 
  2. Дефинирање на датумот за одржување на првата обука во Р.Македонија
    Се донесе решение да првата обука која е предвидена во Р. Мкедонија да се спроведе во месец Март, и да се известат директорите да номинираат лица за учество на обуките. 
  3. Смена на сметководител
    Општина Гоце Делчев да подготви документи за промена на сметководителот за проектот, поради преголемата нагажираност на досегашниот сметководител.
  4. Усогласување на активностите во врска со изработка и печатење на “Студија за постојните капацитети за рехабилитација и згрижување на лицата со посебни потреби”

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy