На 30 јануари 2014 година во МЗСПП се одржа состанок со Раководителите на 8-те Центри за развој на планските региони во врска со кампањата ″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″. Оваа кампања, која во изминатата 2013 година успешно се спроведе на ниво на град Скопје , продолжува и оваа 2014 година на национално ниво по повод Денот на пролетта, 21 март под наслов ″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″ чија цел е засадување на садници на рози на булеварите и на другите зелени јавни површини.
Во кампањата покрај општините се очекува вклучување и на бизнис заедницата , училиштата и невладиниот сектор во секој регион.
Кампањата ке продолжи и во есенскиот период со засадување на дрвја од видот бреза, јавор и јасен.
No comment yet, add your voice below!