Skip to content

“РАТКОВА СКАЛА” – ПРИРОДНА РЕТКОСТ

ДАТУМ

февруари 15, 2014

Категории

 

Во кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип, на 10 февруари 2014 година се одржа работна средба со претставници од  Министетрството за животна средина и просторно планирање, претставници од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источен плански регион. На средбата се расправаше по основ на веке отпочнатата активност за преиспитување на  можностите и придобивките од прогласувањето на “Раткова Скала” за подрачје со природна реткост или заштитено подрачје – споменик на природата или парк на природата.
 
Претставниците од  Министетрството за животна средина и просторно планирање и  Македонското еколошко друштво ги изнесоа сите аргументи “ЗА”и  “НЕ” во однос на предлозите од аспект на придобивките и негативностите во развојот на општината и регионот но и заштитата и зачувувањето на природата  и природните реткости.Раткова Скала се наоѓа на  десетина  километри североисточно од с.Злетово длабоко во југозападниот дел на Осоговските планини, во долината на Шталковичка Река. Раткова Скала оддалеку е препознатлива по стрмните карпи со темно до светло сивкаста боја. Поради забавеното, речиси вертикално усекување на Шталковичка Река низ кварцитите, нејзината долина има изглед на кањон со наредени карпести отсеци-скали поради што месноста се нарекува Раткова Скала. Природата е специфична, со повеќе водопади, густа и разновидна ретка вегетација, со ендемични видови, разновидни животни и птици.
 
Раткова Скала е со уникатна природа и геоморфологија.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy