Skip to content

ДАТУМ

март 5, 2014

Категории

Четврта работна средба од проектот PPP4BROADBEND

На 18, 19 и 20-ти Февруари 2014 година во Габрово, Р Бугарија се спроведе четвртата работна средба од Проектот PPP4BROADBEND. На средбата учествуваа претставници на партнерските организации од Бугарија, Србија, Грција, Унгарија, Словенија, Словачка, Романија, Австрија и Македонија. Партнер во проектот од македонска страна е Центарот за развој на Источен плански регион и Центар за знаење, организација од Скопје.

 

Главна цел на проектот е да се олесни и стимулира користењето на широкопојасен интернет во слабо развиените подрачја, односно руралните подрачја во Југоисточна Европа преку модели на јавно-приватно партнерство, со што пак од друга страна би се допринело до економски и социјален развој во овие подрачја. Достапот до интернет ќе овозможи да се одджува информационата мрежа помеѓу медицински установи, институции, да се спроведуваат вонредни студии и обучувања, да се развива електронската трговија и електронски бизнис, да се олесни достапот до административни услуги на граѓаните и многу други бенефити. За време на средбата во Габрово, Р. Бугарија беа разгледани  основните цели и разработените во моментот стратегии за распространување на широкопојасен интернет во руралните подрачја на Југоисточна Европа. Основната идеја е како јавниот сектор може да соработува со приватниот  за да се добие подобрена соработка во  распределба на постоечкиот ризик и комбинирање на постоечките ресурси, бидејќи во повеќето случаи не е исплатливо како за приватниот така и за јавниот сектор. До моментот се изработени водич за користење и 9 модели на ЈПП на англиски јазик кој се преведуваат и приспособуваат на законодавството за земјите партнери во проектот.

По еден од овие модели ќе биде демонстриран во 3 тест региони во Романија, Грција и Македонија. Во Р. Македонија како тест регион е избрана општина Македонска Каменица каде во соработка со општинската администација е завршено комплетно мапирање на територијата на општината и мапирањето е презентирано на средбата во Габрово, Р.Бугарија. Дополнително како активност од проектот е предвидено да се воспостават 9 Центри за извонредност, по еден во секоја земја со цел да понудат дополнителна екпертиза, знаења, искуства во користењето на овие 9 модели на ЈПП.           

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy