Skip to content

Потпишан Договорот за изработка на проектна документација за Дом за старилица – Пензионерски Дом, општина Кочани

ДАТУМ

април 1, 2014

Категории

Од 03.12.2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот  Грантова шема за поддршка на Источниот регион, проект финансиран од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија со Финансискиот Договор бр. 83160868.

Овој проект се состои од два под-проекти и тоа:

Проект А: Спортско Рекреативен Центар “Брегалница”

Проект Б: Изградба на регионален Дом за стари лица.

На 10.03.2014 година (Понеделник), во 10:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, Штип се потпиша Договорот за Изработка на проектна документација за Дом за стари и изнемоштени лица – Пензионерски Дом во Кочани. Фирмата која ќе биде одговорна за проектирањето на идниот старечки дом е ДПГИ “Вектор 90” Томе ДООЕЛ од Струмица.

Вкупната вредност на Договорот со вклучен ДДВ, изнесува 1.534.000,00  денари и истите се обезбедени од Проектот ,,Грантова шема за поддршка на Источниот регион”, ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија.

Фирмата, ДПГИ “Вектор 90”Томе ДООЕЛ од Струмица е обврзана во рок од 80 (осумдесет) дена да ја изработи целокупната инвестиционо-техничка документација и ја достави до инвеститорот, Центар за развој на Источенплански регион за натамошна постапка. 

{module [373]}{loadmodule related}

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy