Skip to content

ДАТУМ

април 6, 2014

Категории

Промоција на регионални проекти подготвени во грантовата шема условена со перформанси (PBG)

На 20.03.2014 година (Четврток) во ресторан Воденица Мулино во Скопје со почеток во 12:00 часот се одржа промоција на регионалните проекти од 8 (осум) плански региони, што се подготвуваат во рамки на грантовата шема условена со перформанси во вкупен износ од 400.000 Eвра, финансиски поддржана од ГИЗ РЕД, Програмата за регионален економски развој во Македонија.

Целта на настанот е да се промовира важноста на регионалниот развој и да се презентира подготвеноста на центрите за регионален развој за подготовка на предлог-проекти со висок квалитет и финансиски одржливи подготвени за имплементација.

На настанот беа презентирани искуствата добиени во текот на целиот процес при  идентификување, избор и развивање на проекти на партиципативен и транспарентен начин како и презентација на проектите.

Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион ги презентираше одобрените проекти за финансирање, “Спортско Рекреативен Центар “Брегалница” и “Изградба на регионален дом за стари” како  дел од проектот “Грантова шема за поддршка на Источниот регион”.

На настанот беа присутни, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерот за локална самоуправа, Швајцарскиот и Германскиот амбасадор во Македонија, Директорот на ГИЗ Македонија, претсавници од меѓународни организации, линиски министерства, Градоначалници, Центрите за развој на планските региони и медиуми. 

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy