Skip to content

Потпишан Договорот за изработка на проектна документација за Спортско рекреативен Центар “Брегалница”, Штип

ДАТУМ

април 15, 2014

Категории

Од 03.12.2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот

Грантова шема за поддршка на Источниот регион, проект финансиран од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Македонија. Во рамките на овој систем на грантови ќе бидат  финансирани  два проекта и тоа:

Проект АСпортско Рекреативен Центар “Брегалница” Штип и

Проект Б: Изградба на Дом за стари лица (Старечки дом) Кочани.

На 08.04.2014 година,   Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за изработка на техничката документација за  Регионалениот спортско рекреативен Центар Брегалница, Штип. Фирмата која ќе  работи на проектирање на идниот регионален спортско рекреативен Центар “Брегалница” е Друштвото за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн СТУДИО АТРИУМ  ДОО од Штип.

Вкупната вредност на Договорот со вклучен ДДВ, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, изнесува 1.296.289,00  денари и истите Центарот за развој на Источен плански регион ги обезбеди  од “ Системот на Грантови доделени врз основа на успешноста на работењето за периодот 2013-2014”, од ГИЗ РЕД Програмата за регионален економски развој во Р. Македонија.

Основниот проект се планира да содржи/да се проектира: влезна партија, големи паркови површини, аква парк, детско игралиште, тениско игралиште, атрактивно водено село, угостителски комплекс со пропратни атрактивни објекти и уредување на кејот на река Брегалница во должина од околу 2  (два) километри, што ќе го опфати текот на река Брегалница од населбата "8 ми Ноември" до населбата "Ново Село" во општина Штип.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy