Skip to content

Средба помеѓу Светска банка, Делегација на ЕУ и Градоначалниците од ИПР

ДАТУМ

април 17, 2014

Категории

Состанокот се оддржа во општина Кочани на 09.04.2014 год. и беше организиран од страна на Светска банка и поддржан од Центарот за развој на Источен плански регион. Состанокот беше отворен од страна на Градоначалниот на општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски кој ја поздрави идеата за вклучување на крајните корисници (бенефициенти) во процесот и начинот на дистрибуција на предвидените средства.

Претставникот на Светска банка на кратко го презентира проектот за рурална инфраструктура и почетните идеи во врска со имплементација според постоечката процедура за имплементација на ваквите МСИП проекти. Во неговата презентација забележа дека Владата на Република Македонија донесе одлука за трансфер на средствата од ИПАРД програмата за 2013 година за поддршка за развој на руралната 

инфраструктура. Буџетот кој е достапен за оваа намена вкупно е 20.667 милиони евра од кој 15.5 милиони евра се средства од ИПА, додека останатите 5.167 се ко-финансирани од националниот буџет. Проектот е со времетраење од 4 години и предвидените средства се 100% гранд за општините.

Средствата ќе бидат доделени преку МСИП, со отворање на посебна програма за развој на рурална инфраструктура. Дел од критериумите во однос на имплементација на оваа програма се веќе утврдени, а тоа е дека подобни за аплицирање или крајни корисници се рурални општини (58) и рурални населени места во рамки на урбани општини (19), со приоритет на проектите во руралните општини. Беше потенцирано дека целта на програмата е да се финансираат инфраструктурни проекти во областа на: канализација, третман на отпадни води, патишта, водоснабдување, општински згради, инфраструктурата поврзана со туризмот, инфраструктурата за развој на земјоделството, итн (изработка на урбанистички план не е прифатлив).  Средбата беше со цел да се добијат повратни информации од општините во однос на три многу важни прашања како што се: (1) Прифатливи проекти, (2) Критериумите за избор и (3) Процесот за поднесување на апликации. Во однос на критериумите за избор, како основни критериуми се земени во предвид постоечките критериуми од Националната програма за рурален развој. Беше речено дека во процесот на аплицирање општините ќе бидат поканети да ги поднесат своите приоритетни проекти со првичен дизајн и формулирање на одредени потреби за техничка поддршка. Одовде, во оваа подготвителна фаза за искористување на овој фонд, повратната информација од страна на општините е многу значајна за развој на модел кој целосно ќе ги задоволи потребите на општините во однос на руралниот развој.

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy