Skip to content

ДАТУМ

април 21, 2014

Категории

Претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“

На 10-ти и 11-ти април 2014 година во Скопје, Хотел Арка се одржа Дводневна работилница  за претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.

Оваа работилница е дел од Проектот
„Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и североисточниот регион“ (EuropeAid/130400/D/SER/MK). Проектот се спроведува од Конзорциумот составен од ENVIROPLAN S.A. од Република Грција (лидер) и C&E Consulting und Engineering GmbH (партнер) – BT Engineering Ltd од Република Бугарија (партнер).

На работилницата беа претставени Нацрт РПУО за Источниот и Североисточниот  регион, каде  експертите од Конзорциумот  ги изложија следниве главни теми:

  • Технички прашања во УЦО
  • Еколошки и финансиски прашања во УЦО
  • Претставување на РПУО
  • Сценарија за УЦО
  • Претставување на Нацрт извештај за СОЖС

По претставувањето на Нацрт РПУО за Источниот и Североисточниот  регион на работилницата се отвори дискусија во врска со овие прашања кај присутни учесници. Особено конструктивна беше забелешката односно појаснувањето од претставникот на Агенцијата за планирање на просторот за начинот и постапката на усвојување на РПУО. Овие дискусии ќе играат важна улога во понатамошниот тек на проектот, т.е. во фазата на финализирање на РПУО на најдобар можен начин за граѓаните од обата региона, во поглед на управувањето со отпад и севкупниот одржлив развој.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy