Skip to content

Одбележување на Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Македонија

ДАТУМ

мај 26, 2014

Категории

Со цел да се зголеми разбирањето и свеста во врска со биолошката разновидност, 22 мај е прогласен за Меѓународен ден на биолошката разновидност од страна на Обединетите нации, и се прославува во целиот свет за да се одбележи усвојувањето на Конвенцијата на 22 мај 1992 година. Оваа година темата на денот на биолошката разновидност е така наречениот „Островски биодиверзитет" кој се однесува на уникатните екосистеми кои често се состојат од бројни ендемични растителни и животински видови, а претставуваат незаменливи богатства.

Република Македонија како членка на ООН, Меѓународен ден на биолошката разновидност го означи со промотивен настан кој се одржа во Делчево. Организатори на овој настан е Проектот финансиран до Швајцарската Амбасада „Програма за зачувување на природата во Македонија“ односно носителот на проектот Фармахем дооел – Скопје, стратешкиот партнер Центар за развој на Источен плански регион и домаќинот општина Делчево.

На настанот свое обраќање имаа директорот на Управата за животна средина при МЖСПП г-дин Игор Трајковски, Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Р. Македонија, Неговата Екселенција г-дин Stefano Lazzarotto и Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

На настанот беа доделени и награди за најдобрите 3 фотографии од Конкурсот на тема “Биолошката разновидност во Брегалничкиот регион”. Исто така се изврши и промовирање на (тековни или реализирани) активности спроведени од владини и невладини организации поврзани со заштита на биолошката разновидност, Детски цртежи/творби и еколошки игри (проект: Едукација за зачувување на природата во Брегалничкиот регион), Изложба на фотографии од биолошката разновидност во Брегалничкиот регионот, Детски експеримент за пречистување на загадена вода (проект: План за управување со речниот слив на Брегалница).

Во вториот дел на настанот се одржа трибина каде преку неколку презентации:

  • Презентирање на активностите на проектот за ревизија на
  • Националната стратегија за биолошка разновидност со акционен план
  • Презентирање на активностите на Програмата за зчувување на природата во Македонија
  • Предавање на тема „Биодиверзитетот во регионот“
  • Предавање на тема „Островски биодиверзитет“

Преку овие презентации беа претставени вредностите на биодиверзитетот од Брегалничкиот регион, темата за одбележување на денот на биолошката разновидност – еколошките острови, како и главните цели и активности на двата проекти.

{gallery}novosti/International Day of Biological Diversity in Macedonia:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy