Skip to content

Отпочнува расчистувањето на теренот за изградба на Мултимедијалниот центар во Штип

ДАТУМ

јуни 12, 2014

Категории

На III (третиот)повик за Прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Центарот за развој на Источен плански регион како водечки партнер и општина Гоце Делчев, с. Брезница како партнер  започнаа со спроведување на Проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – CREATIVA“.

Една од клучните активности на овој инфраструктурен проект е  изградба на Регионалени Мултимедијални центр во Штип, Република Македонија и во реконструкција и адаптација на Народната библиотека во село Брезница, општина Гоце Делчев, Република Бугарија.

Мултимедијалниот центар во Штип треба да се гради на местото на старото „Летното кино“ кое претставува грда слика за градот и не е во функција повеке од 20 години.

Општина Штип учествува со 50% од потребните средства за изградба на овој објект и има обврска за расчистување на теренот пред  отпочнување со градба.

На 5 јуни 2014  година, општина Штип преку ЈП„Исар“ – Штип започна со расчистување на теренот односно со рушење на стариот објект со што ќе се создадат услови за отпочнување со градба но новиот репрезентативен Мултимедијален центар.

{gallery}novosti/letno_kino_rusenje:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy