Skip to content

Подготовка на физибилити студии за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија

ДАТУМ

јуни 12, 2014

Категории

Унапредување на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, 
ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ „Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија-GetReadyforSkiing.

Центарот за развој на Источен плански регион– Штип, З.Г. ”Каменица – САСА”, Македонска Каменица и општинскиот центар “Горѓи Тодоров-1885”од Белица, започнаа со спроведување на проектот “Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија”, со крајна цел поддршка и развој на скитуризмот во општинитеБелица, Бугарија и Македонска Каменица, Кочани и Крива Паланка, Македонија.

На 11 Јуни 2014 година (среда) во Конференциската сала на општина Белица, Република Бугарија се одржа, Првата прес-конференција за проектот GetReadyforSkiing, на која се презентираа активностите предвидени во рамките на проектот пред поголем број на посетители, кои работат во областа на промоција и поддршка на туризмот.

Со проектот се предвидува изработка на две физибилити студии за Царев Врв, Осоговски планини, Република Македонија и Семково, Република Бугарија.

Од идните физибилити студиии изработените оценки за влијанието врз животната средина се очекува да дадат голем придонес во искористувањето на природниот потенцијал во насока на забрзан туристичи развој, со посебен акцент за развојот на зимски туризам, патеки за алпинистичко и нордиско скијањена Осоговските планини кои ќе бидат првчекор во реализацијата на идни проекти за развој на современа туристичка инфраструктура во прекуграничниот регион..

Развој на зимскиот туризам на територијата на Општина Македонска Каменица, Кочани и Крива Паланкаи општина Белицасе очекува во иднина да даде значаен придонес во економски развоји подобрување на квалитетот на животи повисок стандард за локалното население.

Проектот е со траење од 12 месеци, финансиран од страна на Европската унија, ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија CCI Number 2007CB16IPO007, и се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија.

{gallery}novosti/GetReadyForSkiing:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy