Skip to content

ДАТУМ

јуни 12, 2014

Категории

ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11),  Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион организира

ЈАВНА РАСПРАВА

по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)

Се известува засегнатата јавност, а особено јавноста од Источниот плански регион и општините вклучени во него (Берово, Чешиново-Облешево, Делчево, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Штип, Виница, Зрновци) како и јавноста од Свети Николе, дека во рамките на проектот „Подготовка на Планови за управување со отпад и Стратешки оцени на животната средина за Источниот и Североисточниот регион“ (EuropeAid/130400/D/SER/MK), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), подготвен е Нацрт Регионален план за управување со отпадот во Североисточниот плански регион и Извештај за Стратешка оцена на животната средина од спроведување на Планот. Подготвениот Нацрт Извештај за стратешка оцена на животната средина и Резимето од Планот се достапни на веб-страниците на веб-страниците на Источниот плански регион и општините, кои му припаѓаат, а печатена верзија е достапна во соодветните канцеларии.

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста, Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион организира јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратешка оцена на животната средина во општините Делчево, Кочани и Штип, по следниот редослед:

За засегнатата јавност од општините Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево, јавната расправа ќе се одржи во општина Делчево на ден 17.06.2014 во 14.00 часот во просториите на „Сала за состаноци општина Делчево“.

За јавност од општините Кочани, Виница, Зрновци, јавната расправа ќе се одржи во општина Кочани на ден 18.06.2014 во 14.00 часот во просториите „Сала за совет на општина Кочани“.

За засегнатата јавност од општините Штип, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Карбинци, Свети Николе, јавната расправа ќе се одржи во општина Штип на ден 19.06.2014 во 10.00 часот во просториите на „Големата сала на советот на општина Штип“.

 

За секаква дополнителна информација, освен во вашите општини, можете да се обратите и во проектната канцеларија

тел: 2773487
Ирена Апостолова        070 531 363         i.apostolova@enviroplan.gr
Горјан Темелковски     071 340 298         g.temelkovski@enviroplan.gr

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy