Skip to content

ДАТУМ

јули 14, 2014

Категории

Отпочна изработката на Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024)

На 10 јули 2014  година, во деловните простории на  ФАРМАХЕМ   во Скопје се одржа Прв Работен Состанок со експертскиот тим на друштвото ИДЕЈА О.К. Скопје за отпочнување со изработка на “Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024)”.

Оваа Стратегија,  е една од активностите што Центарот за развој на Источниот плански регион, како стратешки партнер и ФАРМАХЕМ од Скопје, како локален координатор ја спроведуваат преку  проектот: “Програма за зачувување на природата во Македонија”, кој што се имплементира во Источниот плански регион (2013-2016), а е финансиран од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка –SDC (Swiss Agency for Development and Cooperation).

Главна цел на оваа Програма е да  се даде поддршка на Република Македонија (Брегалничкиот регион) во зачувувањето на биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо управување и искористување, интегрирајќи ги современите пристапи за зачувување на природата со принципите на одржливото управување на природните ресурси и планот за локален економски развој.

Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024), е  една од активностите коишто ке придонесат кон остварување на целта на Програмата.

Временската рамка за изработка на Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024) е 18 (осумнаесет) месеци со буџет од 43.000,00 еур.

{gallery}novosti/2014.07.14_2:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy