Skip to content

Втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019)

ДАТУМ

октомври 8, 2014

Категории

На ден  02 и 03.10.2014 година, во хотел Изгрев во Штип, Центарот за развој на Источен плански регион одржа втора работилница за ревизија/подготовка на Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019). Ревизијата на програмата се спроведува согласно член 12 од Законот за регионален развој (сл. Весник бр. 63/2007) и Правилникот за методологијата за изработка на планските документи за регионален развој , Сл. Весник на РМ 102/2009 година.

На работилницата беа присутни и зедоа активно учество во изработката на Програмата, претставници од единиците на локална самоуправа, бизнис секторот, НВО, ЈП и ресорните Министерствата.

Пред присутните беа претставени целите на работилницата и беше презентирано резимето од претходните работилници за SWOT Анализите. Потоа беше претставена постоечката Визија, дали истата е достигната, кои се нејзините недостатоци и правци во кои треба да се размислува за дефинирање на новата визија за новиот програмски период.

Во текот на работилницата беше презентирана Ревидираната Стратегија за рамномерен регионален развој на Република Македонија. Во понатамошниот дел од работилницата консултантите ги презентираа предлог Стратешките области кои би влегле во новата Програмата за развој на Источен плански регион (2015-2019). Преку интерактивен дијалог се пристапи кон утврдување на среднорочните цели и приоритети на Програмата.

Работилницата заврши со дискусија за следните чекори кои треба да се превземат за да се изработи квалитетна Програма која ке овозможи рамномерен регионален развој внатре во регионот. 

{gallery}novosti/2014.10.08:::0:0{/gallery}

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy