Skip to content

Управен одбор на проектот ПЗП и ПУРС Брегалница

ДАТУМ

октомври 9, 2014

Категории

1. Одржан четврти состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија

На 2-ри октомври 2014 година (четврток) во хотел „Манастир„ во Берово, со почеток во 11.00 часот се одржа четвртиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија.  Главна цел на оваа Програма  (проект) која се  спроведува во Источниот плански регион и горниот дел од Брегалничкиот слив, е да се зачува биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо управување и искористување. Времетраењето на проектот е 4 (четири) години со буџет од 4,00 милиони CHF и се спроведува веќе втора година во координација со Helvetas Swiss Intercooperation ифармахем од Скопје.

Значајна точка на дневен ред беше, пред членовите на Управниот одбор, да се презентираат резултатите од страна на Комисијата за избор на најдобар предлог проект за изградба на Едукативен центар за зачувување на  природата во Брегалничкиот регион. Од поднесените 9 (девет) предлог-проекти од страна  на општините, во најтесен избор за финансираже,  од  комисијата  беа предложени предлог проектите на општина Пробиштип и општина Пехчево. Конечната одлука за избор, Управниот одбор ќе ја донесе по обезбедувањето на дополнителни  информации и документи кои беа побарани.

Со пренамена и реконструкција на постојан објект во Едукативен центар за зачувување на  природата во Брегалничкиот регион би се реализирала една од зацртаните цели на оваа Програма за подигање на јавната свест за зачувување на природата и биолошката разновидност, почнувајки од најмладите генерации

 

2. Одржан Петтиот состанок  на Управниот одбор на Проектот План за управување со сливот на река Брегалница

На 2-ри октомври 2014 година (четврток) во хотел „Манастир„ во Берово, со почеток во 14.00 часот се одржа петтиот состанок на Управниот одбор на Проектот План за управување со речниот слив на река Брегалница. Главна цел на овој проект е одржливо управување со водните ресурси во сливот на реката Брегалница, притоа поттикнувајќи го економскиот развој во регионот. Главни компоненти на проектот се:

  1. Изработка на План за управување со речниот слив на реката Брегалница :
    – Анализа на сегашната  и идната состојба  со водните ресурси и побарувачката на вода во сливот на Брегалница,
    – Дефинирање на мерки за подобрување на сегашната состојба.
     
  2. Финансирање на Мали  инфраструктурни проекти за вода.

Времетраењето на проектот е 4 (четири) години со буџет од 4,5 милиони CHF, финансиран од Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи и вклучува 15 општини кои гравитираат по течението на реката Брегалница.

На состанокот се работеше по следниот дневен ред:            

Значајна точка на дневен ред беше, пред членовите на Управниот одбор, да се презентира Извештајот од евалуацијата на проектите од вториот повик за финансирање на – Мали инфраструктурни проекти. Препорачани проекти за финансирање се: Проект за изградба на мала прочистителна станица за отпадни води во с. Габревци, општина Конче, Проект за  изградба на канализационен систем за собирање и одведување на отпадните води  во с. Милино општина Лозово, Проект за изградба на мала прочистителна станица за отпадни води во  Карбинци, општина Карбинци и  Проект за изградба на мала прочистителна станица за отпадни води во с. Кучичино, општина Чешиново-Облешево.

{gallery}novosti/2014.10.09:::0:0{/gallery}

{module [373]}{loadmodule related}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy